Американскиот соул музичар Cee Lo Green ќе одржи „роденденски“ концерт во Нови Сад, како дел од прославата на 14 години од одржувањето на фестивалот EXIT. На 29 јуни, поранешниот член на дуото Gnarls Barkley ќе настапи на Плоштадот на слободата во Нови Сад, како загревање на фестивалот кој се одржува од 10 до 14 јули.
Добитникот на пет награди „Греми“ ќе настапи со поддршка од српските бендови „Svi Na Pod“, „Zemlja Gruva“ и „Beatshakers“, а ќе има и настапи на познати српски диџеи, на забавата која е најавено дека ќе трае до зори. Влезот на овој концерт е бесплатен за сите.
Cee Lo Green ги откажа концертите од турнејата закажани за јули, а EXIT е единствениот фестивал на кој тој се согласи да го помести настапот и да закаже нов датум за концерт.