Серијалот „Еднакви“ е составен од 12 епизоди посветени на најразлични теми за ЛГБТ популацијата во Македонија.
Според Александра Живковиќ, една од новинарките која учествуваше во подготовка на серијалот, целта на „Еднакви“ е кревање на свеста за ова прашање и отфрлање на стигмата и стереотипите за припадниците на оваа популација.
„Пред камерата за прв пат проговореа неколку лица кои се транс или геј и ги споделија своите животни приказни преку кои сакавме да ги соочиме луѓето дека припадниците на ЛГБТ заедницата, се истите оние кои ги сретнуваме постојано, и кои функционираат како и сите останати. Емисијата е во продукција на „Тринити плус“ а како главен уредник е Снежана Лупевска“, вели Живковиќ за Радио МОФ.
Во продолжение погледнете дел од емисииите на „Еднакви“.