#ПетАлбумиЗаПоДома на Стефан Видиков

Професорот по филозофија и поранешен студентски активист, Стефан Видиков, одбра #ПетАлбумиЗаПоДома, со свој осврт кон музичките остварувања:

1.The Velvet Underground and Nico – Velvet Underground (1967)

Песните пренесуваат една фрагментирана прикаска која ја добива својата смисла во целината на албумот. За мене е важен затоа што сакајќи или несакајќи фаќа каршилак на индустриската репродукција на вкусот, својствена за рок ен ролот, и наместо помпезни наративи, нуди една приземна варијанта на доживување на светот околу нас.

2.Deep Cuts – The Knife (2003)

Албум кој го дефинира музичкиот израз и политичката артикулација на The Knife. Пораката на албумот ја носат егзотичните карактери, игривите текстури и антикапиталистичките идеи во основата на песните.

3.LCD Soundsystem – LCD Soundsystem (2005)

Доказ дека и кравјите ѕвонци, правилно искомпонирани, можат да направат супер диско. Супстанцата на албумот се состои во синтетичното прекомпонирање на сѐ она што ви останува во уво од музиката што било кога ви се допаднала. Омаж на Џејмс Марфи кон музиката од втората половина на 20-иот век.

4.Do Pobjede – Margita Je Mrtva (2008)

Убава градска музика, песни со став. Нешто како (soft) Suicide во 21 век.

5.Rousilvo  – Kostas Theodorou (2018)

Супер талентираниот Дине Донеф во Русилво успешно ја замаглува границата помеѓу авангардата, слободната импровизација, класиката, world музиката и џезот. Убава прилика да се чуе. Патем, албумот е посветен на Русилво (Xanthogeia), напуштено село во северна Грција, од каде што и самиот потекнува.

Bonus:
Sex Pistols – No Fun, Liquid Liquid – Optimo, Roxy Music – If There is Something, Suicide – Ghost Rider, David Bowie – I`m Afraid of America, Throbbing Gristle – United, Paraf – Narodna Pjesma, PMG Kolektiv – Деца на 2 века, Underworld – Dark & Long, Pink Floyd – See Emily Play, Talking Heads – This Must Be The Place, Tv on The Radio – Keep Your Heart, Can – Vitamin C

– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа ШалдеваЕдис Кесаси