Уметникот Кристо, познат по обвиткувањето на градби и локалитети со големи парчиња ткаенина, меѓу кои и германскиот Рајхстаг и неколку острови, почина на 84 годишна возраст. Според соопштението објавено на официјалната Фејсбук страна, Кристо починал од природна смрт во неговиот дом во Њујорк.
Бугарскиот креатор на монументални, јавни уметнички дела и неговата сопруга Жан-Клод го посветија животот на нивната уметност која не остава траги.
Парот станал познат по своите монументални уметнички дела, кои вклучувале обвиткување на државни институции, но и локалитети во ткаенина и други материјали. Во 1969, Кристо и Жан-Клод го започнале делото „Обвиткан брег“, односно го обвиткале брегот и карпите на „Литл беј“ во Сиднеј, Австралија со сива ткаенина и го создале најголемото уметничко дело во тоа време.
“Кристо го живееше исполнет живот, не само сонувајќи го невозможното, туку и креирајќи го. Уметноста на Кристо и Жан-Клод ги спојуваше луѓето преку заедничките искуства во сите делови на светот“, стоело во соопштението за смртта на Кристо.
Во септември 2021 година во Парис постхумно ќе биде изведено делото „Триумфалната капија, обвиткана“, според желбите на починатиот уметнички пар.