Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ наместо во јуни, своето јубилејно, 55-то издание, го одложува за во септември.
Традиционално, фестивалот почнуваше во првиот петок од јуни во Прилеп. Но, поради ситуацијата со Ковид-19, Собранието на Фестивалот предлага како последен термин за одржување да биде 25 септември, или јубилејот да се слави догодина.
Наместо селекција, фестивалот годинава сака да им остави простор на професионалните театри да ја предложи најдобрата претстава од својот репертоар што ќе настапува.