Министерството за образование и наука (МОН) информира дека нема да има можност за прифаќање на електронските пријави за сместување во јавните ученички домови во учебната 2020/2021, кои согласно Конкурсот беше утврдено дека треба да се поднесуваат од страна на учениците преку интернет порталот www.konkursi.mon.gov.mk.
„Известуваме дека за оние јавни ученички домови за кои со Конкурсот е предвидено пријавување со електронска пријава, потребно е документите да се достават до јавниот ученички дом каде ученикот бара да биде примен, од 04.07.2020 година до 15.07.2020 година, односно од 10.07.2020 година до 20.07.2020 година во домовите “Искра” Штип, “Партенија Зографски” Скопје, „Димитар Влахов“ Скопје и “Свети Наум Охридски” Скопје во кои се сместуваат ученици со посебни образовни потреби“, информираа од МОН.
Од Министерството додаваат дека сите други услови од Конкурсот остануваат исти.