Дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК поднесе кривична пријава до Министерството за внатрешни работи (МВР) против непознат сторител, за фалсификување на логото на редакцијата и ширење лажни вести.
Кривичната пријава е поднесена против против НН лице корисник/сопственик на твитер профил со назив: @realLOshGZE, поради сторено кривично дело согласно Член 205 став 5 од Кривичниот законик кој вели: „Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци“.
ВНИМАНИЕ!!! ЛАЖНА ВЕСТ!!!
Со лажна вест е ФАЛСИФИКУВАНО логото на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК и се ШИРИ на социјалните мрежи твит од еден од лидерите на движењето “БОЈКОТИРАМ“ со наслов што не постои на нашата платформа. pic.twitter.com/oFkf2wQwt2
— Sakam da Kazam (@SDKsakamdakazam) June 18, 2020
Пријавата доаѓа откако вчера, со лажна вест беше фалсификувано логото на САКАМДАКАЖАМ.МК. Притоа, на социјалните мрежи преку твит од еден од лидерите на движењето „Бојкотирам“, почна да се шири наслов што не постои на платформата.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.