Театарот „Вондерленд“од Скопје во недела (23 јуни) во 22.00 часот ќе ја одржи премиерата на својот нов проект – претставата посветена на 50-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, просто наречена “5:17”. Нела Витошевиќ, годинешниот победник на наградата за најдобра режија на фестивалот “Војдан Чернодрински” поставува текст на Ана Ристоска заедно со актерска екипа составена од Драгана Костадиновска, Дениз Абдула и Стефан Вујисиќ.
Проектот “5:17” е во процес на работа од почетокот на јануари 2013 година, а се поставува во кафе-барот „Интро“, кај старата железничка станица, како спомен, симбол на предземјотресно Скопје. Преку својот носталгичен поглед на „старо Скопје“ претставата ќе има за цел да не потсети на трагичната загуба во која 1070 жители загинале, а скоро 80% од градот бил срушен. Покрај освртот кон историските настани, претставата поставува важни прашања за развојот на денешно Скопје.
Оваа претстава е четвртиот проект на независниот театар „Вондерленд“, кој постои три години и досега двапати учествуваше на фестивалот МОТ, освојувајќи ја главната награда за најдобра претстава од независната македонска театарска сцена во 2011 година.
Претставата е дел од фестивалот “Скопско Лето”, на кој годинава има 70 програмски активности со 2.000 учесници од 20 земји, на сите отворени простори во Скопје. Погледнете го официјалниот каталог на фестивалот: