„Концертите се враќаат во Македонија. Успеавме да се договориме со Министерството за здравство концертите да се вратат во Македонија под повеќе од достоинствени услови за публиката да може да ужива, а сепак по протоколи (заштитни маски и скратени капацитети) за безбедно одржување“, соопштија денеска од продукцијата „Авалон“.
И министерот Венко Филипче, потврди дека е спремен протоколот за организирање настани, во кои спаѓаат и музичките концерти, што било договарано на минатонеделните средби со здруженијата на музичари и здруженијата кои организираат на настани.
„Станува збор за еден навистина солиден протокол со строго контролиран влез и начин како ќе се контролираат протоколите во рамките на тие настани. Денеска се дозволи да се организираат, да биде капацитетот да биде пополнет, не повеќе од 50 проценти на местото каде се органиизира настанот. Картите да се продаваат електронски, за да не се прават гужви и редици, а исто така задолжително да се носат маски“, рече Филипче.
Тој додаде дека здруженијата притоа земаат обврска сами да го контролираат спроведувањето на мерките.
Пред десетина дена, и од „Д фестивал“ најавија дека го менуваат датумот, па фестивалот на отворено, место традиционално, во јули, ќе се одржи втората половина од август.
Сите музички настани со публика беа запрени во првата половина на месец март, кога се појави новиот коронавирус во земјава.Неколку месеци подоцна, кога според КОВИД 19 протоколи за работа, беа отворени голем дел од претходно затворените објакти, музичарите, продуцентите и луѓето кои се дел од музичката индустрија побараа од властите да ги вратат и концертите на публиката.
Дел од нив, се здружија под името „Музика – Сега!“ и упатија барање до властите за итно враќање на музичките настапи, со определени временски рамки, услови и во фази.
„Mузика – Сега!“: Иницијатива на музичари и музички работници за итно враќање на музичките настапи