Дабстеп, музичкиот правец кој потекнува од јужен Лондон изминативе години стана глобален феномен, привлекувајќи огромна публика насекаде низ светот. Порталот посветен на електронската музика Beatport состави листа од пет најдобри документарни филмови во кои се зборува за историјата и за највлијателните фигури во овој жанр и движење:
5. Dubbed Out in Bristol
Во овој документарец, авторот интервјуира дабстеп-фанови и преку одлични стари фотографии ја доловува атмосферата од раните денови на сцената во Бристол.
4. Living Inside the Speaker
Овој филм црпи информации директно од изворот на сцената – интервјуа со диџеи, промотори и фанови на овој звук во Бристол, со фокус на прашањето: зошто системот за звук е многу важен за дабстепот.
3. XLR8R TV: Dubstep
Легендарниот диџеј на радиото Rinse FM, DJ Youngsta, во овој документарец на магазинот „XLR8R“ ги дискутира компонентите на овој жанр, инспирацијата која го движи и омилените плочи, како и значењето на Дабстепот за модерната култура.
2. A History of Dubstep—The BBC Radio 1 Chronicles
Овој речиси двочасовен филм на влијателното BBC Radio 1 го следи еволуцискиот развој на дабстепот низ опуштени разговори со главните „играчи“ на сцената. Разговорот станува мултидимензионален, како и самиот жанр.
1. Bass Weight
Овој филм претставува исцрпна и интересна приказна за дабстепот, со интервјуа на некои од највлијателните имиња на овој жанр: Skream, Benga, Kode9, Plastician, Mary Anne Hobbs итн. Целиот филм можете да го погледнете на овој линк.
Извор: Beatport