Судир помеѓу полицијата и посетители на рејв синоќа во Лондон, откако полициските службеници се обиделе да ја спречат нелегалната забава, на што посетителите возвратиле со фрлање шишиња, цигли и други предмети. За време на судирот, најмалку седум офицери биле повредени.
Полицијата била повикана на местото на настанот откако голем број луѓе се собрале на нелиценциран музички настан во Хавелок Клоус.
Снимките на очевидци, споделени на социјалните мрежи, покажуваат дека група на млади мажи како фрлаат кон полицајците со низа предмети, вклучувајќи стаклени шишиња, цигли и лименки за пиво.
Riot police clash with people attending block party in White City pic.twitter.com/EjdK1VqYeA
— Noel Phillips (@Noel_Phillips) July 3, 2020
Полициските службеници соопштија дека сите присутни на неовластениот настан си разотишле околу 01:15 часот по полноќ. Заменик-помошникот комесар Лоренс Тејлор рече дека собирот е нелегален и претставува ризик за јавното здравје.
More clashes – as a dispersal zone and section 60 are now in place in White City pic.twitter.com/c0PtPTbEhf
— Noel Phillips (@Noel_Phillips) July 4, 2020
„Насилството покажано кон офицерите оваа вечер беше тотално неприфатливо и нема да го толерираме во каква било форма. Полицајците наидоа на тули и други проектилни предмети што беа фрлени врз нив“, рече Тејлор.
Синоќешното насилство е последно во низата судири меѓу полицијата и учесници на „уличните забави“ во Лондон, кои оставија над 150 полицајци со повреди. Минатата недела, портпаролот на премиерот Борис Џонсон ја нарече ситуацијата како „застрашувачка“ и додаде дека таквото „насилство врз полицијата нема да се толерира“.
Англиските експерти предвидуваат лето на илегални рејвови и покрај коронавирусот