Од 10 до 13 јули, во дворот на Кинотека започнува летната програма, во која ќе се прикажуваат 4 современи филмови од годинешниот Европски филмски предизвик.
Од Кинотеката информираат дека според актуелниот Протокол за организирање јавни настани ги воведува следниве правила:
– Задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот
– Задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот
– Задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата
– Пушењето за време на проекција е непожелно
– Забрането е внесување на пијалоци (алкохолни и безалкохолни)
„Ве замолуваме заеднички да се погрижиме за чистотата на гледалиштето и дворот на Кинотеката, како и секој самостојно да ги одложи своите отпадоци во корпите по проекцијата“, апелираат од Кинотека.
Цената на билетот е 100 денари, а со него посетителите добиваат и бесплатен освежителен пијалак.
ПРОГРАМА:
10.07.2020 | 21.00 часот
Господ постои, името ѝ е Петрунија (2019)
Режија: Теона Стругар Митевска
1h 40min | драма
С. Македонија
> https://www.imdb.com/title/tt8054608/
11.07.2020 | 21.00 часот
Гостин / The Guest (2018)
Режија: Duccio Chiarini
1h 34min | комедија, драма, романса
Италија, Швајцарија, Франција
> https://imdb.to/2VJk3GF
12.07.2020 | 21.00 часот
Земјата под моите нозе / The Ground Beneath My Feet (2019)
Режија: Marie Kreutzer
1h 48min | драма
Австрија
> https://www.imdb.com/title/tt7902124/
13.07.2020 | 21.00 часот
Сонот на Катрина / Katrina’s Dream (2018)
Режија: Dario Bischofberger, Mirko Bischofberger
Швајцарија, Италија
1h 24min | драма, романса
> https://www.imdb.com/title/tt6889924/
Трет европски филмски предизвик – победникот ќе оди на филмскиот фестивал во Венеција во септември