Денеска се одбележува 57 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој потресе Скопје во 1963 година. Ударот во 5:17 часот изутрина бил со силина од 6,1 степен според рихтеровата сеизмичка скала и траел 20 секунди. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар.
Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, а над 4.000 лица биле повредени.
Погледнете ја галеријата од илустрации посветена на Скопје од илустраторите Јулијана Росоклија, Теано Кардула, Наум Јамовски, Адријан, Зоран Кардула, Марграм.