Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на Ковид-19.
Од нив најмногу се во Скопје (47), потоа Штип (23), Куманово (17), Гостивар (15), Тетово и Кичево (12), Македонски Брод (10), Кавадарци (9), Струга (7), Охрид (3), по два во Виница, Свети Николе и Неготино, а по еден во Битола, Гевгелија, Струмица, Демир Хисар и Дебар.
Институтот за јавно здравје регистрирал 185 оздравени пациенти.
Починати се 4 лица, пациент од Скопје (77г.), пациент од Кичево (72г.), пациент од Штип (58г.) и пациент од Битола (70г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.054, бројката на оздравени пациенти е 6.882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.675“, соопштува МЗ.
Од министерството велат дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, 1 на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 5 пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, соопшти министерството.
Од таму деновиве препорачаа „Ти си на одмор, но вирусот не е!“.
„Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност“, соопштија од министерството.
Исто така, од министерството денес рекоа дека оваа година човештвото се соочи со глобалниот предизвик, пандемијата предизвикана од коронавирусот. Со цел да се сочува здравјето беа превземени низа мерки и правила, кои, велат тие, едноставно се ограничи времето и просторот на сите нас.
„Но тоа не беше проблем за нашите крводарители, нашите херои кои и во вакви услови го организиираа нивното време се цел да ги покажат нивната хуманост и алтруизам. Секојднево ги посетуваа просториите каде се даруваше крв, тромбоцити и конвалесцентна плазма“, рекоа од МЗ.
Во првите шест месеци од ова година вкупно се собрани 20.692 единици крв, 165 единици тромбоцитен концентрат и 61 единица конвалесцентна плазма.
„Благодарност до сите крводарители, дарители на тромбоцити и дарители на конавелесцентна плазма, тие се херои на денешно време. Институт за трансфузиона медицина порачуваат: Дарувај, биди хуман, биди херој!“, се вели во соопштението на МЗ.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.