Со почеток во 19 часот, од пред објектот на Општина Куманово па се до седиштетото на ЕВН, кумановци во четврток ќе протестираат против поскапувањето на струјата.
Куманово се впишува на мапата за протести по најавените протести во Општина Чаир, Тетово и Гостивар.
Протестите беа најавени по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на струјата за домаќинствата да се зголеми за 7.4%, односно 5.9 денари за еден киловат скапа струја.
Иницијативата „Млади за Македонија“ пак, поради ваквата одлука започна и онлајн петиција насловена „Граѓанска иницијатива за укинување на покачувањето на струјата и намалување на ДДВ на 5%“.
Во петицијата објаснуваат дека граѓаните се револтирани на покачувањето и вознемирени од последиците врз цените на производите и услугите во Македонија.
Протести против поскапувањето на струјата закажани во Тетово, Чаир и Гостивар