Под мотото „Покажи гордост, тестирај ја совеста“, стотина ЛГБТ активисти, заедно со претставници на невладини организации прошетаа по центарот на Белград по повод 27 јуни, денот на кој во 1970 година во Чикаго е одржан првиот геј-прајд собир. Настанот го обезбедувале силни полициски сили, а немало никакви инциденти. Прошетката завршила на локацијата на која во септември 2009 хулигани до смрт го претепаа францускиот навивач Брис Татон. Според организаторите, ова ја покажува нивната определба против насилството во секоја негова форма.
Според Бобан Стојановиќ, извршен директор на „Квир центарот“ целта на ваквиот собир е да се пружи поддршка на реформите во образованието, а воедно и да побараат оставка на министерот за образование Жарко Обрадовиќ.
– Денот на гордоста се одбележува во знак на сеќавање на бунтот на ЛГБТ заедницата против системот кој репресивно се однесуваше кон припадниците на оваа заедница. Со оваа акција сакаме да го задржиме критичкиот однос кон институциите во општеството – изјави Стојановиќ.
Тој вели дека анализата на српските учебници сè уште покажува висок степен на хомофобични содржини, со кои хомосексуалноста сè уште се поистоветува со болест, педофилија и зоофилија.