Народниот музеј во Белград претстави серија маски за заштита од коронавирусот со мотиви од уметнички дела кои се чуваат во оваа културна установа, пренесува српска „Нова“.
„Нови маски со уметнички дела стигнаа во Народниот музеј“, порачаа од оваа установа на нивната официјална Фејсбук страница.
Во објавата на музејот се наведува дека „маски кои се перат можат да се купат по цена од 200 динари во музејската сувенирница“.
Posted by Narodni muzej u Beogradu on Tuesday, 11 August 2020
Маските содржат мотиви од музејските колекции на домашни и странски уметнички дела од различни периоди, вклучувајќи ги „Цвеќе“ на Јан Бројгел Постариот (1616), „Мост и град“ на Сава Шумановиќ (1921) и други.
Posted by Narodni muzej u Beogradu on Tuesday, 11 August 2020
Ваквиот потег наиде на позитивни реакции од следбениците на нивната Фејсбук страница.
„Кога веќе мораме да го носиме ова, барем можеме да бидеме убави“, стои во еден од коментарите.
Posted by Narodni muzej u Beogradu on Tuesday, 11 August 2020
Неколку следбеници пак прашаа и за можноста за достава преку интернет и за во други градови во Србија, па дури и во странство.