Миење со чај од магдонос предизвикува абортус? Има ли начин за безбеден секс во време на Ковид-19? Постои терапија за од геј да станеш „стрејт“? Има жени кои се раѓаат без химен? Големината на чевлите е пропорционална со големината на пенисот?
Погледнете го видеото за да ги добиете овие, но и многу други одговори поврзани со прашања кои можеби одамна ќе беа јасни доколку имавме сеопфатно сексуално образование. Во него гостуваат Ангела Јаневска – специјализант по гинекологија и акушерство, Давид Тасевски – психолог и Теодора Милеска, едукатор по сеопфатно сексуално образование во ХЕРА.