ИЈЗ: Паѓа процентот на позитивни тестови за Ковид 19

Во текот на минатат недела, во периодот од 10 до 16 август се направени 11.605 тестирања и се регистрирани вкупно 902 нови позитивни случаи на Ковид 19. Во овој период, процентот на позитивни од тестираните лица изнесува 7.8% што покажува тренд на континуирано намалување во однос на претходните недели кога се движеше од 10%, 9.4% и 8.6%, стои во редовниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје ИЈЗ, кој се однесува на спстојбата со Ковид 19.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=251; 27,8%) и Куманово (n=125; 13,6%). Во 18 града бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во однос на старосната структура, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И во овој период, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 206 (22,8%) позитивни. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=163; 18,1%) и 50-59 (n=162; 18,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,9%) и 10-19 години (n=49; 5,4%).

Минатата недела се направени вкупно 11.605 тестирања на ковид-19, или 17.8% повеќе споредено со претходната недела.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=858; 95,1%), регистрирани се 87 (10,1%) хоспитализирани, а кај 244 (28,4%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 303 (35,3%) имале контакт со потврден случај, а 27 лица се со историја на патување во последни 14 дена.

Во споменатиот период по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 1.067 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 29 лица повеќе споредено со претходната недела.

Регистрирани се 17 смртни случаи од 9 градови, што е намалување од 32,0% во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите биле на возраст над 60 години (n=9; 52,9%). Од починатите, 16 биле хоспитализирани, а еден случај починал во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 11 починати лица.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.