Американскиот технолошки гигант Мајкрософт планира од 17 август 2021 година да ја укине поддршката за интернет пребарувачот Интернет Експлорер (ИЕ) во сите аплиакции и сервиси во склоп на пакетот „Мајкрософт 365“, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Меѓу овие услуги се „Office 365“, „OneDrive“, „Outlook“ и ддруги, но, како што е најавено од оваа компанија, од 30 ноември годинава ќе биде укината и поддршката за ИЕ 11 за веб-апликацијата „Microsoft Teams“.
Од компанијата се надеваат дека на компаниите кои користат ИЕ 11 ќе им биде полесно да ја прифатат оваа вест со интернет пребарувачот Мајкрософт Еџ.
Новото издание на интернет пребарувачот на Мајкрософт, Еџ, кој е базиран на софтверот „Chromium“ вклучува поддршка што треба да им олесни на компаниите да мигрираат од Интернет Експлорер се додека Мајкрософт не ја укине поддршката за ИЕ 11 во склоп на оперативниот систем Windows 10.
Постарите изданија на Еџ треба да останат без поддршка од 9 март наредната година, по што веќе нема да примаат безбедносни ажурирања.
Порталот „Верџ“ наведува дека Мајкрософт со години работи на намалување на користењето и поддршката за Интернет Експлорер.
Првата варијанта на Еџ, компанијата ја претстави во 2015 година под кодното име „Project Spartan“.