[Галерија] Пораки за заштита на животната средина преку живописни инсталации на „Skopje light art district“

Слоганот „Градот зелен пак ќе никне“ поставен на мостот на кејот на Вардар, близу Градски парк, синоќа го привлекуваше вниманието на граѓаните кои и покрај дождот решија да прошетаат по рутата на „Skopje light art district“.

По него, следуваа серија живописни инсталации распространети низ паркот – дрвја кои раскажуваат лични приказни, светлосни печурки кои менуваат бои при допир на сензот, но и светлосни форми кои го претставуваат ранливиот морски свет.

Фестивалот преку јазикот на светлината се погрижи да испрати пораки за заштита на животната средина.

Рутата започнува од Камениот мост, а завршува во Градски парк.

Годинава, на „Skopje light art district“ можат да се видат вкупно 18 инсталации, на кои работеле 25 уметници од цел свет. Сепак, поради синоќешниот дожд, дел од инсталациите не беа изложени.

Содржините и мапата за движење на фестивалот може да се следи и на апликацијата која може да се преземе на овој ЛИНК.

Емилија Петреска