На 27 август во Младинскиот културен центар ќе настапат „Efterklang“, „Funk Shui“, „Lalalaр“, „PMG Kolektiv“, „DJ FITZ“ , а ликовниот уметник Сали Ертунч ќе се претстави со изложбата „25-тата слика – Неслушнатото, невиденото и незбореното“.
Од организацијата на фестивалот на нова музика велат дека полека и инаетливо се движат кон најновото издание, кое од инцидентен настан прераснало во дефиниција за добар провод.
„Здраво млади“ постои за да го опипа пулсот на постоечката независната култура и со тоа – да донесе бендови и артисти кои се во тек со модерната и современа музика од независната музичка сцена. New music first другари“, истакнуваат од тимот.
Фестивалот ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, дефинирани во протоколот за организација на јавни настани.
Билетите по цена од 500 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн.
Фестивалот е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Град Скопје и Министерство за култура.