Ненадејно, во 42-та година од животот од срцев удар почина поранешниот новинар, аналитичарот и извршен директор на Македонскиот центар за медиуми Роберто Беличанец.
Тој беше беше член на групацијата Граѓани за европска Македонија, познат како жесток критичар на сите негативности на општеството и на политиката, застанувајќи пркосно во одбрана на стандардите, на она што се нарекува почит кон секого. Во последно време беше е еден од најгласните противници на Законот за медиуми.
„Економски силна Македонија е исто толку важна колку што е важно членството во НАТО и ЕУ! Поважна е… И сега? Како? Уште 7 години ќе се занимаваме со вуду економија и вуду политика?“, гласи неговиот последен пост на Фејсбук.
Роберто Беличанец е роден на 1 февруари 1972 година во Прилеп. Тој беше оженет и имаше три деца.
Извор: Утрински весник