Со настап на „Сашо Поповски Трио“, вечерва започнува петтото издание на „Џез фест“ во Тетово.
Тридневниот фестивал ќе се одржува на отворената сцена во дворот на музичкото училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“.
„Сашо Поповски Трио“ го сочинуваат Сашо Поповски на гитара, Иван Бејков на контрабас и Виктор Филиповски на тапани. Тие вечерва ќе се претстават со нивниот најнов албум „Fallen Land“.
Утре, пак, фестивалот продолжува со настапот на „Сетстат бенд“ од Скопје, а на последната вечер на 27 август е предвидена за „Влашент Сата Бенд“ од Албанија.
Сите настапи почнуваат во 20 часот, а влезот е бесплатен.