По децении вакцинирање, Африка ќе нема „диви“ случаи на полио

Преку систематското вакцинирање во Нигерија, последните случаи на „дивиот“ вирус се регистрирани пред четири години.

Се очекува Африка целосно да се „ослободи“ од дивиот вирус полио, после долгогодишна работа на Коалицијата на интернационални здравствени институции, национални и локални власни, волонтери од различни заедници, но и преживеани.

Четири години по последните регистрирани случаи на диво полио во Северна Нигерија, Африканската регионална комисија се очекува да официјално да го потврди податокот дека континентот се ослободил од вирусот кој може да предизвика вечна парализа, а во некои случаи и смрт.

Ваквиот резултат доаѓа од кампањата за вакцинирање и регистрирање на децата во Борно, финалната дестинација на трудот за отстранување на полиото, но и во срцето на џихадистичкиот регион во Нигерија.

„Станува збор за масивен подвиг придружен со голем напор и надминување на моментите кога помислувавме дека сме ја достигнале целта, но сме засведочиле само обичен пресврт“, истакнала др. Моети, регионалната директорка на Светската здравствена организација за Африка.

Светската здравствена организација ги координирала соработките со националните власти и локалните лидери, УНИЦЕФ, Фондацијата на Мелинда и Бил Гејтс, Центрите за контрола на болести во САД и милиони волонтери од цел континент.

Подоброто мониторирање, противењето на насилниот скептицизам за вакцини кој беше причина за смртните напади на здравствени работници и инклузијата на преживеани лица биле клучните фактори во борбата против вирусот.

„Навистина сакам да им оддадам чест на преживеаните од полио кои се придружија на борбата преку споделување на нивните искуства со болеста“, нагласила Моети.

Во 1996 година, 75,000 деца од Африка биле парализирани поради полиото. Сега, борбата е да се подобрат нивните животи.

Извор: Guardian