Наместо на 1 септември, учебната година ќе започне на 1 октомври. Ова е последната одлука на Владата, при што се усвоија и Протоколите за тоа како треба да изгледа физичката настава во основните и средните училишта, додека повеќето ученици и понатаму ќе следат онлајн настава.
Во новата епизода на „На час“ зборувавме токму за новата учебна година – што е она што ги очекува учениците, професорите, но и родителите.
Соговорници ни беа Ана Марија Петковска од Сојузот на средношколци, средношколката Леона Јариќ, професорот Александар Давидовски кој предава во гимназиите „Никола Карев“ и „Геоги Димитров“ во Скопје, како и Ирена Цветковиќ, која овој пат ни гостува во улога на родител на петтодделенка.
На час – Спремни ли сме за новата учебна година?
Наместо на 1 септември, школската година ќе започне на 1 октомври, одлучи Владата.Во новата епизода на „На час“ ќе зборувавме токму за новата учебна година и што е она што ги очекува учениците, професорите, но и родителите. Наши гости беа Ана Марија Петковска од Сојузот на средношколци, средношколката Леона Јариќ, професорот Александар Давидовски кој предава во гимназиите „Никола Карев“, „Геоги Димитров“ и „Васил Антевски Дрен“ во Скопје, како и Ирена Цветковиќ, која овој пат ни гостува во улога на родител на петтодделенка.**Дискусијата е направена во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.
Posted by Радио МОФ on Friday, 28 August 2020
**Дискусијата е направена во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.