Театар Комедија соопшти дека од денеска започнува со проби на отворено во Скопје. Актерската екипа ќе продолжи со подготовки за претставата „Си беше еднаш“ во режија на Синиша Евтимов.
„Пробите ќе се одвиваат на отворено, со почитување на сите мерки и протоколи. Кон крајот на септември следува премиера, а започнуваме и со репертоар, исто така според сите мерки и протоколи“, најавија од театарот.
Оттаму најавија и дека наскоро ќе ја отворат и новата сцена „Двор“, а ќе се реализира и фестивалот „Гола месечина“ кон крајот на септември.