На 4 и 5 септември (петок и сабота), со почеток во 22:00 часот (влезница 150 денари), филмофилите ќе имаат можност да ги проследат проекциите на американскиот филм „Џокер“.
Филмот претставува психолошки трилер во режија и продукција на Тод Филипс, кој е и сценарист заедно со Скот Силвер. Филмот е базиран на ликовите од стриповите на DC Comics.
Главната улога ја игра Жоакин Феникс како Артур Флек или Џокер, кој е стенд-ап комичар исмеван од страна на општеството заради неговото ментално нарушување, па решава на сила да ги решава социјалните проблеми и во семејството (ментално болната мајка) и во општетсвото. За потребите на улогата Феникс успеал да ослабе цели 24 килограми и креирал посебен стил на смеење кое многу пластично ја доловува неговата болка.
„Џокер“ доби бројни признанија, меѓу другите и 11 номинации на 92. доделување на наградите Оскар (освои награди за најдобра машка улога – Жоакин Феникс – и за најдобра оригинална музика – Хилдур Гуднадотир). Феникс и Гуднадотир исто така победија на церемониите на кои се доделувале наградите за Златен глобус и БАФТА .