Оваа недела (6 септември) во Кратово, на платото пред Домот на културата, во организација на здружението „Култи Ватор“ од Скопје, ќе се случи мултимедијалниот проект наречен „Музика, поезија, уметност – Ретроспективни изложби во чест на Димитар Младеновски (1970-2007)“.
Како што информираат од здружението, настанот во Кратово е еден од двата кои се дел од овој проект, а следниот ќе се случи наскоро во просториите на монтажната галерија во Скопје.
Се работи за мултимедијален настан на кој ќе се прочита поезија од Панче Младеновски, ќе настапи Диџеј Чарли со свој сет и ќе се изложат до сега необјавени дела во мал формат од академскиот сликар Димитар Младеновски.
Настанот е помогнат од Министерството за култура.