23-то издание на Скопје филм фестивал од 9 до 16 септември на отворено во Кинотека

Со филмот Вистинската историја на бандата Кели ќе биде отворено 23-тото издание на Скопје филм фестивал кој ќе се одржува од 9-ти до 16-ти септември во дворот на Кинотека на Северна Македонија.

На програмата на фестивалот се наоѓаат уште 18 други филмови кои ќе се прикажуваат секој ден со почеток од 19 часот.

Билетите се бесплатни, но мора да се подигнат пред проекцијата заради ограничениот број на места. Организаторите напоменуваат дека ќе се запазат мерките за заштита од Ковид-19, односно задолжително е носење на маски и држење дистанца.

Целата програма на фестивалот погледнете ја на сликата во продолжение, или на следниов ЛИНК.