На 27 септември (недела) ќе се одржи осмото издание на планинскиот спортски настан „Прв до врв“ на Водно. Пријавувањето е во тек на веб-страницата www.prvdovrv.mk.
Програмата на спортскиот настан вклучува трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и тим билдинг трка за компании.
Оваа година традиционалниот пикник и музичката програма нема да бидат дел од програмата поради задолжителните мерки за заштита на учесниците од Ковид-19, додека настанот ќе се одржи според пропишаните протоколи од Министерството за здравство.