Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последните 24 часа се регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19 од 1486 тестирања. Тројца пациенти починале, а 89 оздравеле.
Починатите биле пациент од Кичево (64г), пациент од Скопје (61г) и пациентка од Македонски Брод (70г). Сите починале во болнички услови.
Нови случаи се регистрирани во: Скопје-40, Куманово-10, Штип-3, Прилеп-12, Тетово-6, Струга-4, Битола-6, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-2, Крива Паланка-2, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1.
„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 позитивни деца, 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 21 пациенти. Нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, соопштија од министерството.
Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 14871, бројката на оздравени пациенти е 12054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2208.
Во однос на тестирањето, досега во земјата се направени вкупно 154.948 тестови за Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот, информираат од МЗ.