Министерството за здравство соопшти дека последниве 24 часа се регистрирани 127 нови случаи на Ковид-19 од 1.574 направени тестирања.
Новозаболените се од: Скопје-43, Куманово-11, Гостивар-10, Прилеп-8, Делчево-7, Струга-5, Крива Паланка -5, Струмица-5, Штип-4, Охрид-4, Тетово-4, Гевгелија-3, Пробиштип-3, Пехчево-3, Берово-3, Кочани-2, Кичево-2, Велес-1, Битола-1, Македонски Брод-1, Кратово-1 и Дебар-1.
Министерството соопштува и дека се починати 5 лица: пациентка од Куманово (61), пациент од Штип (81) и двајца пациенти од Гостивар (76 и 81) и еден пациент од Прилеп (53). Сите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 95 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 14.998, бројката на оздравени пациенти е 12.149, на починати е 614, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.235.
Направените 1574 теста се преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-184, Биотек-271, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори)-172, Систина со PCR метода -288, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-14, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 156.522 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Министерството за здравство информира и дека:
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 47, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.