Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 37 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 484 тестирања.
Распоредот по градови на новозаболените е: Гевгелија-12 (странски државјани), Скопје-9, Прилеп-5, Тетово-3, Дебар-1, Гостивар-1, Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Кратово-1.
Претходново деноноќие починати се 6 пациенти кои биле позитивни на вирусот. Пациенти од Скопје (73), Струга (79), Гостивар (55), Крива Паланка (63), Делчево (86) и од Кичево (74) се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 251 оздравен пациент.
Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 15.127, бројката на оздравени пациенти е 12.486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.018.
Направените 484 теста се преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-57, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-145, Систина со PCR метода -146, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-27, Инфективна клиника-7, ГАК-12, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Министерството за здравство информира и дека:
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 56, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на ковид-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на ковид-19.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.