Американската Академија за филмски уметности и науки, како дел од иницијативата „Академија Апертура 2020“, објави нови детали во поглед на застапување и инклузија – стандарди за квалификација на Оскарите во категоријата „Најдобар филм“, почнувајќи постапно од 2022 година, што предизвика различни реакции низ филмскиот свет, но и воопшто низ јавноста.
Гувернерите на Академијата, ДеВон Френклин и Џим Ианопулос ја предводат работната група која ги адаптира стандардите за различности од Британскиот филмски институт за финансирање „подобни“ филмови во Велика Британија, како и за квалификација на некои категории на Британската академија за филмски и телевизиски награди.
Според управителите на американската Академија, целта на овој потег е да се „рефлектира разновидната глобална популација, создавањето на филмовите и публиката што се поврзува со нив“.
„Академијата е посветена да игра витална улога да помогне ова да стане реалност. Ние веруваме дека овие стандарди за инклузија ќе бидат катализатор за долготрајни, суштински промени во нашата индустрија“, соопштија претседателот на Академијата, Дејвид Рубин и извршниот директор Даун Хадсон.
За 94-те Оскари (2022) и 95-те Оскари (2023), Академијата бара доверливи формулари со стандарди за Најдобар филм, но тие рамки нема да бидат потребни за квалификација се до 2024 година, до 96-те Оскари.
Почнувајќи од 2024, филмовите ќе мора да исполнуваат барем два од четирите стандарди, А, Б, Ц, Д за да бидат подобни.
Стандардите ви ги пренесуваме во целост:
Стандард А: Претставување на екранот, теми и наративи
Да се постигне Стандард А, филмот мора да исполнува еден од следниве критериуми:
А1. Главна или значајна споредна улога.
Барем еден од главните актери или истакнат спореден актер да биде од недоволно застапена расна или етничка група:
– Азиска
– Шпанска/латинска
– Црна/афроамериканска
– Индијанец/Алјаска домородец
– Човек од Среден исток/Северна Африка
– Хаваец или друг жител од Пацификот
– Друга помалку застапена раса или етничка припадност
А2. Генерална екипа
Најмалку 30% од сите актери во споредни или помалите улоги да бидат од најмалку две од помалку застапените групи:
-Жени
-Расни или етнички групи
-ЛГБТИ
-Луѓе со когнитивна или физичка попреченост, или глуви и наглуви
А3. Главна приказна/тема
Главната приказна, тема на нарација на филмот да биде фокусирана на недоволно застапена група:
-Жени
-Расни или етнички групи
-ЛГБТИ
-Луѓе со когнитивна или физичка попреченост, или глуви и наглуви
Стандард Б: Креативно лидерство и тим на филмот
Да се постигне Стандард Б, филмот мора да исполнува еден од критериумите:
Најмалку двјца од лидерските и раководни позиции – за кастинг, кименатографија, режија, дизајн на костуми, шминка, продукција, сценографија, звук, сценарист – треба да биде од следниве помалку застапени групи:
-Жени
-Расни или етнички групи
-ЛГБТИ
-Луѓе со когнитивна или физичка попреченост, или глуви и наглуви
Најмалку една од овие позиции мора да припаѓа на следната недоволно застапена расна или етничка група:
– Азиска
– Шпанска/латинска
– Црна/афроамериканска
– Индијанец/Алјаска домородец
– Човек од Среден исток/Северна Африка
– Хаваец или друг жител од Пацификот
– Друга помалку застапена раса или етничка припадност
Б2. Други клучни улоги
Најмалку шест други членови од екипата/тимот и технички позиции (со исклучок на асистентите за продукција) да бидат од помалку застапена раса или етничка група.
Б3. Севкупен состав на екипата
Најмалку 30% од филмската екипа да бидат од помалку застапените групи:
-Жени
-Расни или етнички групи
-ЛГБТИ
-Луѓе со когнитивна или физичка попреченост, или глуви и наглуви
Стандард Ц: Пристап и можности во индустријата
За да се постигне Стандард Ц, филмот мора да ги исполнува двата критериуми:
Ц1. Платени можности за учење и стажирање
Филмската компанија за дистрибуција или финансирање да плати стажирање/пракса на следниве недоволно застапени групи и да ги исполнува критериумите:
-Жени
-Расни или етнички групи
-ЛГБТИ
-Луѓе со когнитивна или физичка попреченост, или глуви и наглуви
Од главните студија/дистрибутери се бара да имаат тековна инклузија во стажирањето/праксата на недоволно застапените групи (исто така мора да вклучат расни или етнички групи) во повеќето од следниве сфери: продукција/развој, пост-продукција, музика, VFX, деловни работи, дистрибуција, маргетинг и публицитет.
Помалите или независни студија/дистрибутери мора да имаат минимум двајца за стажирање/пракса од горенаведените надоволно застапени групи (мора да вклучат расни или етнички групи) во следните сфери: продукција/развој, пост-продукција, музика, деволни работи, дистрибуција, маргетинг и публицитет.
Ц2. Можности за тренинг и развој на вештини (на екипата)
Компанијата за продукција, дистрибуција и/или за финансирање на филмот да нуди можности за обука и/или работа за вештини на луѓе од следните недоволно застапени групи:
-Жени
-Расни или етнички групи
-ЛГБТИ
-Луѓе со когнитивна или физичка попреченост, или глуви и наглуви
Стандард Д. Развој на публиката
За да се постигне Стандард Д, филмот мора да го исполни критериумот подолу:
Д1. Застапеност во маркетинг, публицитет и дистрибуција
Студиото и/или филмската компанија да има повеќе домашни извршни директори од следните недоволно застапени групи (мора да вклучат расни или етнички групи) во нивните тимови за маркетинг, публицитет и/или дистрибуција.
Жени
Расни или етничка група:
– Азиска
– Шпанска/латинска
– Црна/афроамериканска
– Индијанец/Алјаска домородец
– Човек од Среден исток/Северна Африка
– Хаваец или друг жител од Пацификот
– Друга помалку застапена раса или етничка припадност
ЛГБТИ
Луѓе со когнитивна или физичка попреченост, или глуви и наглуви