Денеска, околу шест часот, поради дефект на насипот на јаловиштето број 4 на рудникот Саса, истекле јаловишни води во локалниот речен тек.
Како што информираат од рудникот, се кратко по дефектот истекувањето било запрено, а состојбата е нормализирана.
„Професори од рударскиот факултет во Штип и градежниот факултет во Скопје, заедно со стручни екипи на компанијата, отпочнаа детална истрага за да ги утврдат причините за инцидентот.
Првичните резултати од истрагата покажаа дека дефектот не претставува закана за здравјето и безбедноста на вработените во рудникот и на жителите во неговата околина“, соопштија од рудникот.
Оттаму додаваат и дека согласно одредбите од Законот за заштита на животната средина и правилата од А-интегрираната еколошка дозвола, за настанот ги известиле сите надлежни институции на државно и локално ниво.