Црвен аларм за спас на забавната индустрија

Под мотото #WeAreEvenrs и #RedAlert, вечерва во организација на Асоцијацијата на евент индустријата ИВАП, и нашата земја ќе се вклучи во глобалната светска иницијатива за свртување на јавноста кон овој сектор кој трпи големи загуби заради пандемијата со Ковид 19, а милиони луѓе во светот остануваат без работа и се на раб на егзистенција.

„Вечерва со почеток во 20 часот, ВИП Арената во Скопје и домовите на култура во Кочани и Струмица ќе ги обоиме во црвена боја, со видео проекции. Ќе се обидеме да го свртиме вниманието на јавноста но и на Владата кон нашиот сектор и уште еднаш да покажеме дека навистина сме во тешка и незавидна ситуација – велат од ИВАП. Црвен аларм е акција која се случува континуирано низ целиот свет и илјадници професионалци се вклучени во осветлувањето на многу објекти“, појаснуваат од ИВАП.

Инаку, ИВАП вчера организираше дебата на тема – Настаните во ковид периодот што следува, на која присуствуваа компании и професионалци од индустријата. Општиот став на сите присутни беше дека настаните мора да продолжат, дека периодот што доаѓа е незивесен и со многу непознати.

„Останува нашиот став дека поддршката од Владата е неопходна, но и димензионирана и таргетирана по сектори, бидејќи секоја индустрија си носи свои специфики и потреби. Останува впечатокот дека е добро што раговараме, што предлагаме можни решенија и што индустријата е мотивирана да продолжи“, додаваат од Асоцијацацијата.

Во однос на вчера усвоените протоколи за одржување на јавни настани во затворени простори, сметаат дека требало да бидат консултирани како независни прифесионалци, а не само културните инситуции.

„30% од капацитетот на салата е понижувачки за уметниците и за организаторите. Исто така, не ја гледаме логиката во отворени простори да може да се одржуваат само седечки концерти. Сепак доаѓа ладно време и седењето на публиката нема да биде пријатно за следење на било кој настан. Но се надеваме дека протоколите дозволуваат промени и дека наскоро ќе имаме можност да ги изнесеме нашите ставови“, потенцираат од Асоцијацијата.

Настани на затворено до 1.000 посетители, ама не и приватни веселби, одлучи Владата

Истовремено најавија дека акцијата Црвен аларм ќе се организира и во иднина на повеќе локации и објекти ширум Македонија.