Со почеток од 19 часот, вечерва од пред трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, ќе започне уште еден протестен марш против поскапувањето на струјата.
„Во услови на пандемија, кога многу граѓани губат работа и кога им ги намалуваат платите, многу влади во Европа ја намалија цената на струјата додека трае кризата. Но кај нас не беше така. Кај нас ја поскапија струјата. ЕВН, МЕПСО, ЕСМ трпеле поради кризата. А граѓаните не трпат? Што е поважно? Профитите на капиталистите и вдомувањето на партиските војници или животниот стандард на обичните граѓани?“, се вели во најавата за настанот.
На протестот кој беше одржан минатиот петок, демонстрантите порачаа дека немаат намера да се откажат од нивните барања и дека ќе протестираат до крај.
Ова е само еден од низата протести кои се одржуваат повеќе од еден месец. Протести претходните недели беа одржани и во повеќе македонски градови како Тетово, Гостивар, Кичево, Битола и други.
Протестот, како што посочуваат организаторите, е поддржан од „Сакаме чист Чаир“, „Социјалистичка зора“, „Конфeдeрацијата на синдикални организации“ (КСОМ), „Fridays for Futurе“ и МО „Црвeни“.