Ново кафуле кое нуди храна и пијалоци кои содржат ЦБД се отвори во Хонг Конг, иако канабисот сѐ уште е илегален во градот. Канабисот, растението од кое се добива канабидиолот е илегално, додека ЦБД-то е легално. ТХЦ, другата главна состојка која се содржи во канабисот е причината поради која растението е илегално во земјите околу светот.
Кафулето „Фаунд“ нуди широка палета на кафиња, слатки, пива и овошни пијалоци кои содржат ЦБД, но од локалот велат дека не прекршуваат ниеден локален закон продавајќи ги производите.
Производите со ЦДБ, особено маслата, се популарни веќе 20 години, посебно во третманите против болка и справување со стрес. Маслата се познати по тоа што нудат лековити ефекти без да го активираат психоактивното дејство.
Еден од муштериите на „Фаунд“ Килијан Хаси, кој работи во економскиот сектор во Хонг-Конг, истакнал дека пиењето на кафе со ЦБД го релаксира.
„Кафето е вкусно и го обожавам ефектот кој ЦБД-то ко има врз мене. Когнитивно и физички, кафето ми помага да се справам со стресовите и бркотниците во секојдневието“, изјавил Хаси.
Шише од ладно кафе со ЦБД чини 8 фунти, додека шише пиво со ЦБД чини 7 фунти.
Кафулето кое започна со работа овој месец, се очекува да биде целосно функционално во октомври.
„Хонг-Конг е еден од најпрогресивните маркети за канабиноид во Азија. За разлика од другите региони, Аврстралија, Нов Зеланд, Сингапур – Хонг Конг има најпрогресивен закон за канабиноид“, изјавил Гиакра Мулен, ко-сопственикот на „Алтум Интернешнл“, добавувач на канабиноид во Азија, кој управува со „Фаунд“.
Мулен дополнил дека се надева дека кафулето ќе ја намали стигмата околу производите со ЦБД и ќе го дистанцира ЦБД-то од канабисот и рекреативната употреба на дрогата. Според него, „Фаунд“ може да продава производи со канабиноид, сѐ додека нема присуство на ТХЦ.
Според Центарот на безбедност на храна, институција во склоп на владата на Хонг-Конг, илегалниот увоз на канабис и останати продукти кои содржат регулирани канабиноиди се криминален акт. Иако ЦБД-то е канабиноид, тој не е класифициран како опасна дрога во Хонг-Конг.
Извор: Independent