Здружението синапсис денеска во 18 часот организира бесплатна психолошка дискусија на тема “Предизвици со кои се справуваат младите во текот на пандемијата”.
Дискусијата ќе се одвива на Зум, а модератори ќе бидат психолозите Ирена Николовска, Александра Панчевска и Јасмина Јонуз.
„При оваа дискусија ќе разговараме за последиците кои пандемијата ги имаше за сите нас, како и адаптацијата на таканареченото “ново нормално”. Воедно, ќе имате можност да се запознаете со нашиот тим и активностите кои следат во наредниот период и на кои бесплатно може да учествувате“, најавуваат организаторите.
Заинтересираните за учество во дискусијата можат да се пријават на следниов ЛИНК.