Неколку канделабри во центарот на Скопје, поточно на плоштадот „ВМРО“ кои поради градежните работи што се изведуваат во близина беа отстранети, со месеци сè уште стојат недопрени.
Преку фотографии, попладнево жителка од Скопје на социјалните мрежи реагираше за канделабрите, прашувајќи „Чие е ѓубрето?“.
Од Град Скопје за Радио МОФ во февруари годинава информираа дека тие се тргнати поради градежните работи кои се одвиваат на објектот на поранешна „ТЦЦ Плаза“, додавајќи дека за тоа му е дадено одобрение на изведувачот.
Во тој период, тие беа облепени и со рачно испишани пораки со кои се бараше нивно отстранување.
„Навистина е штета кога човек себеси се гледа како да не е дел од природата, од просторот во кој битисува? Зарем овој ‘отпадок и ѓубре’ е нешто туѓо, или тоа сме ние. Веднаш да се отстрани“, гласеше една од пораките на канделабрата.
[Фото] Пораки на урнатите канделабри во Центар – „веднаш да се отстранат“