Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на Ковид-19.
Новите случаи се регистрирани во: Скопје-96, Кочани-17, Тетово-15, Струмица-11, Берово-10, Куманово-8, Битола-8, Прилеп-8, Крива Паланка-7, Штип-7, Свети Николе-6, Кавадарци-6, Велес-5, Кичево-4, Струга-3, Валандово-3, Охрид-2, Делчево-2, Гостивар-2, Гевгелија-1, Радовиш-1, Пехчево-1, Виница-1, Кратово-1.
Во болнички услови се починати 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 18.363, бројката на оздравени пациенти е 15.164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.450.
Министерството за здравство информира и дека:
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки позитивни на Ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Направените 1.694 теста последново деноноќие се преку: ИЈЗ-552, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-333, Биотек-138, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со PCR метода -156, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-74 Инфективна клиника-4, ГАК-14, Синлаб-27, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.