Бесплатни онлајн часови за техники на современ танц

Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата – Локомотива организира втора серија на часови за техники на современ танц и истражување на движење наречени „Култренинг“, кои сега ги адаптира соодветно на условите поради коронавирусот. Па така, часовите ќе се пренесуваат онлајн.

„Ваквата адаптација ќе им овозможи тие да продолжат со работа, а сите останати, заинтересирани, да имаат можност да учествуваат и да ги посетувааат часовите бесплатно. Во следните два месеца во 18:00 часот ќе имате можност да бидете дел од часовите на Ивана Коцевска, Кристина Ангеловска и Александар Георгиев“, информираат од Локомотива.

Секојa од нив ќе го сподели својот личен пристап кон телото, просторот и имагинацијата. Двете танцови уметници работат на свој специфичен начин преку кој ќе работат со учесниците на достигнување на флуидност, координација и форма на телото.

Оние кои сакаат да донираат за развој на програмата можете тоа да го направат на следниот линк: lokomotiva.org.mk/donate

„Култренинг“ е поддржан од општина Центар и Министерство за култура.