Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 177 нови случаи на лица позитивни на Ковид-19 од вкупно 778 направени тестирања.
Новозаболените, според градови, регистрирани се во: Скопје-96, Тетово-19, Кочани-10, Струмица-8, Штип-7, Гостивар-6, Берово-6, Виница-5, Куманово-5, Делчево-4, Велес-2, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Прилеп-1, Битола-1, Кавадарци-1, Гевгелија-1, Неготино-1.
Од Министерството информираат и дека во болнички услови последново деноноќие од Ковид-19 починати се 5 лица – пациент од Тетово (67 години), Струмица (87), Крива Паланка (68) и двајца пациенти од Кочани (70 и 73).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти од.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во С. Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 21.113, бројката на оздравени пациенти е 16.301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.015. Денес се евидентира еден контролен тест.
Министерството за здравство информира и дека:
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на Ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Направените 778 теста се преку: ИЈЗ-286, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-100, Биотек-0, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори) -105 , Систина со PCR метода -133, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-12, Синлаб-92, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.