Ковид 19 преполни дел од македонските болници. Во четири градови – Штип, Струмица, Прилеп и Куманово се бара место повеќе, покажуваат последните бројки кои ги добивме вчера попладне од Министерството за здравство.
Така, најголем проблем со капацитетите има во ЈЗУ Клиничка болница Штип и во Општата Болница Струмица, каде, иако се предвидени 38 кревети за лекување пациенти позитивни на Ковид-19, хоспитализирани се дури 49 пациенти.
Капацитетот за згрижување пациенти со коронавирусот е преполнет и во ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески” Прилеп, каде се предвидени 20 стационирани кревети, а хоспитализирани се 24 пациенти, но и во ЈЗУ Oпшта Болница Куманово каде има 28 кревети, а 30 пациенти.
Целосно пополнет е капацитетот на болницата во Велес, која има 35 кревети, и исто толку пациенти.
Во Скопје, најголем е притисокот во градската болница „8 Септември“ каде има само 6 слободни кревети. На Инфективната клиника има место за уште 15 пациенти, додека модуларната болница која се наоѓа веднаш до неа останува празна, со капацитет за 70 пациенти.
Каков е капацитетот за прием на пациенти со Ковид-19 во болниците кои се дел од јавното здравство и колку од местата се пополнети, погледнете во инфографикот во продолжение:
Даниел Евросимоски