Од денеска (20 октомври) до 22 октомври од 16:30 до 19 часот ќе се одржува Научно-истражувачката студентска конференција на Економски и Правен факултет.
Онлајн конференцијата е во организација на факултетските студентски собранија на Економски и Правен факултет, а со поддршка на УСС – УКИМ.
Меѓу другото, на агендата во првиот ден се предавања и дискусии за технолошки иновации, иднината на новата дигитална ера и глобализација, но и за влијанието на Четвртата индустриска револуција.
Потоа, вториот ден се најавени онлајн настани за еднаквост и социоекономскиот развој, а на последниот ден и за конфликти и равој на институции, поврзаноста помеѓу нивото на развој на демократијата и економскиот раст, градење лидерски способности преку личен и професионален развој…
Целосната програма и деталите за конференцијата ТУКА.