Студентите од Факултетот за политички науки при Универзитет „Американ Колеџ“ во Скопје при симулација на гласање според американскиот изборен модел повторно го „избраа“ Доналд Трамп за претседател на САД.
Симулацијата беше дел од специјалниот настан по повод претстојните избори во САД.
Студентите имаа прилика да учествуваат на вебинар со Ерик Елиот, претставник на Амбасадата на САД, кој низ дискусија им го претстави американскиот изборен модел и спецификите на претседателските избори во 2020 година.
„Според досегашното искуство, изборот на студентите на Универзитет Американ Колеџ Скопје секогаш се совпаѓал со конечниот исход, поточно – студентите на УАКС три пати го имаат погодено резултатот на претседателските избори во САД, со изборот на Барак Обама во првиот и вториот мандат, како и со изборот на Доналд Трамп во првиот мандат“, велат од Колеџот.
Дали ваквиот исход ќе се совпадне со резултатите од гласањето на американските граѓани, останува да се види по 3 ноември, денот на претседателските избори во САД.