Филмот „Врба“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски е добитик на наградата „Сребрена палма“ на престижниот фестивал „Mostra de València“ во Валенсија, Шпанија.
На фестивалот што се одржува од 22 октомври до 1 ноември, „Врба“ учествуваше во главната селекција, заедно со уште филмови од Албанија, Алжир, Хрватска, Грција, Холандија, Шпанија..
La Palmera de Plata, dotada amb 10.000€, ha sigut per a “Willow”, del macedoni @MilchoOfficial. pic.twitter.com/1xaTUl6JTO
— Mostra de València (@lamostravlc) October 30, 2020
„Златна палма“ на фестивалот ја доби италијанско-швајцарскиот филм „Favolacce“, кој е награден и за режија, а сириско-турско-шпанската копродукција „Per la llibertat“ e награден со „Бронзена палма“.
Инаку, изминатиов период „Врба“ имаше интернационални успеси – во септември беше избран во селекцијата за престижната награда за најдобар филм на Европската филмска академија (ЕФА) позната и како Европски Оскар, а доби и две номинации (за најдобар игран филм и за најдобар режисер) на еден од најголемите фестивали за независен филм Рејнденс во Лондон.
Измина точно една година од светската премиера на фестивалот во Рим, при што „Врба“ постигна рекорди во кино и тв прикажувањето дома, а освои и три награди.
Наскоро се подготвува и новиот филм на Манчевски „Кајмак“, поддржан од Агенцијата за филм, а доби поддршка и од данската држава – од Данскиот филмски институт. Дански продуцент на филмот е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентката на филмовите „Меланхолија“ и „Антхрист“ на Ларс фон Трир, но и данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера“.