#ИнстаИлустрации – Ивана Пекевска

Ивана Пекевска се занимава со графички дизајн, а по струка е долгогодишен архитект.

Во животот секојдневно се среќава со уметноста во различни облици преку работните обврски, но и преку љубовта кон адреналинските спортови кои најчесто ги обавува во природата подалеку од гужва и галама.

Таа постојано се навраќа со мислите во времето кога цртала рачно. Според неа, традиционалното цртање има повеќе душа и помага во оформувањето на своевиден рачен стил. Ова, пак, го споредува со дигиталното цртање кое се почесто е застапено. Затоа, подоцна се запишала на Академијата за Дизајн и Мултимедија во Џолев и уметностите.

„Низ текот на годините работејки по разни архитектонски фирми сфатив дека графичкиот дизајн ми го освежува умот, каде констатно истото цртање, проектирање, конструирање и моделирање строга линија направи да ми стане навика архитектурата. Графичкиот дизајн ме вади од таа чиста едноличност на линиите кои ги има архитектурата и затоа секогаш со големо задоволство ги работев дизајните за новогодинешните честитки, рекламните материјали и каталози по архитектонските студија и граежните фирми во кои работев и работам до ден денес“, вели Пекевска.

Таа досега соработувала со разни иницијативи и фестивали изработувајќи дизајни за нив, како НаТочак, Сојузот на извидници на Македонија и Младинскиот филмски фестивал. За Пекевска, инспирација послужило и загадувањето на воздухот, така што за еден од протестите таа дизајнираше постер плакат.

Пандемијата на Ковид-19 ја натерала драстично да си ги смени навиките за спортски активности.

„Желбата да направам мои лични подобри резултати на спортските напревари на кои учествував овој период ме натераа да ја прикажам тагата и креативните решенија кои спортитстите ги изнаоѓаа за да можат да ги обават тренинзите и да ја задоволат желбата за спорт“, забележува Пекевска.

Така настанале ,,Карантинците”, серија илустрации на кои се прикажани тажни дебели спортисти, стуткани и притиснати во мала куќарката, со цел да се прикаже дека нивниот дом е премногу мал за нивниот животен стил.

,,На оваа тематика планирам да објавам уште неколку илустрации за кои веќе имам идеја но ја чекам одлуката за повторен карантин и полициски час од кои за жал не сме многу далеку”, најави Пекевска.

Согледувајќи го своето досегашно творештво, таа забележува колку е поврзана со природата и желбата за почиста околина, но и да ја покаже среќата која ја дава самата природа.

„Мислам дека секогаш ќе наоѓам инспирација во природата на секое поле од моето дизајнирање без разлика дали е архитектура или графички дизајн или било која друга димензија во дизајнот која би ме заинтересирала да ја изучувам. Природата овозможува да ја извадиме најпозитивната страна од процесот на дизајнирањето. Таа може многу да не научи, да не инспирира, да не направи среќни и треба се повеќе да се стремиме кон здрави навики, обновливи технологии и да размислуваме и делуваме за почиста и среќна иднина за нас и идните генерации зашто сега е моментот кога идните генерации треба да научат од нас, од нашето делување и творење“, посочи оваа дизајнерка.

Таа се надева дека нејзиното дизајнирање во архитектурата и графичкиот дизајн ќе доведе до своеличен претпознатлив стил каде ќе доминираат пораките за подобра иднина на овој свет.

Пекевска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pekec (@p_e_k_e_c) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pekec (@p_e_k_e_c) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pekec (@p_e_k_e_c) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pekec (@p_e_k_e_c) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pekec (@p_e_k_e_c) on