Невладината организација „КХАМ“ од Делчево денеска до градоначалникот на Делчево, директорот на здравствениот дом „Гоце Делчев“ и Советот на општината достави барање за отворање на пункт за тестирање за Ковид-19 во склоп на здравствениот дом, објавија од организацијата на нивната Фејсбук страница.
Како што стои во нивната објава, тие сметаат дека градоначалникот треба да ја поддржи иницијативата на 200 граѓани кои во два часа ја потпишале петиција во врска со нивното барање за отворање на пункт за тестирање.
„Пунктот може да функционира како центар за Делчево, Берово и Пехчево, кои исто така се со сериозна оддалеченост од Кочани и Штип. Тестирањето може да биде и еднаш неделно, доколку не се итни случаеви. Итните случаеви ги транспортира Здравствен дом Делчево. Доволно беше од изјави на здравствени професионалци кои укажуваат дека жителите на Делчево се недисциплинирани и не сакаат да се тестираат. Ова е во согласност со правото на пристапност како право на пациенти“, пишува во нивното барање.
Истовремено, тие од градоначалникот заедно со здравствениот дом бараат повторно да профункционира проектот „Мој специјалист“, со цел да може да се спроведуваат прегледи од ортопед, уролог и кардиолог специјалист, поради тоа што велат дека ова е од суштинско значење за жителите и нивното здравје.
Од организацијата, исто така, бараат со ребаланс на буџетот, средствата предвидени за украсување на градот за новогодишните празници да се пренаменат за хуманитарни пакети за погодените семејства од коронавирусот, но и за организирање на превоз на лицата кои не можат да си дозволат тестирање во други општини.
НВО ,,КХАМ“ Делчево како член на комисиите за ,,Унапредување на правата на пациентите“ и ,,Комисија за социјална…
Posted by КХАМ on Monday, November 9, 2020